15:41 - 10 ноември, 2026

Договорот „падна во вода“: „Спотифај“ и Меган Маркл ја прекинаа соработката за нејзината емисија

Кон крајот на 2020 година, Хари и Меган потпишаа договор со стрим-платформата за интернет-емисии во облик на аудио-интервјуа, за којшто неофицијално се говореше дека вреди околу 25 милиони долари. Во декември, „Архетипи“ го освои признанието „Најдобар подкаст“ на американските награди „Пипл’с чојс авордс“ во Лос Анџелес.

Договорот на војводата и војвотката од Сасекс со „Спотифај“ доживеа крај откако интернет-емисијата на Меган Маркл не е продолжен за втората сезона.

Заедничката изјава на брендот на Меган, „Арчевел“ и „Спотифај“ гласи: „’Спотифај’ и ‘Арчевел аудио’ спогодбено се разделија и ние сме горди на серијата што ја создадовме заедно“.

Меган, инаку, беше домаќин на „Архетипи“ (назив инспириран од името на нејзиниот син Арчи), а емисијата траеше 12 епизоди, од август 2022 година.

 

Меѓу гостите беа тенисерката Серена Вилијамс, пејачката Мараја Кери, Парис Хилтон и глумиците Минди Калинг и Констанс Ву.

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....