01:29 - 11 април, 2026

Сузана Манчиќ: Му пеев на Тито пред неговата смрт, колената ми се тресеа

Српската пејачка и водителка Сузана Манчиќ и ден-денес е позната како убавата „лото девојка“ меѓу постарите генерации.

Нејзиниот лик бил една од најпрепознатливите телевизиски појави  во времето на Југославија, а во една прилика му пеела и на југословенскиот претседател Јосип Броз – Тито.

„Беше возбудливо. Тоа беше последната година од неговиот живот. Секако, се криеше дека е болен, ние тогаш не го знаевме тоа. Мене ме извлекоа од правниот факултет и, сосема филмски, ми рекоа да тргнам со нив и да му пеам на Тито. Им реков дека ми треба време да се спакувам, а тие ми рекоа дека веќе го решиле тоа кај мајка ми“, раскажала Манчиќ за „Курир“ и додала:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @estradni.arhiv

„Буквално, ме извлекоа од предавање и отидовме во хотел Оморика. Таму имаше полициски службеници, луѓе од Управата за државна безбедност, војници. Голем стрес се чувствуваше во воздухот. Обично, јас немам трема, но кога излегов – ми се тресеа колената. Пеев во мојот матурски фустан. Тито не беше расположен, неговите пудлици лаеја, па едвај чекав да завршам со настапот“, раскажала познатата пејачка и водителка.

Сузана Манчиќ: „Не ги изневерував баш сите мажи, можеби требаше…“

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....