4.8 C
Скопје
21:13 - 19 март, 2025

Сузана Манчиќ била принудена да потпише предбрачен договор: Ќерките на нејзиниот нов сопруг Симеон не ја прифатиле, им била преубава?

Српската водителка Сузана Манчиќ повеќе од две децении ужива во љубовта со грчкиот бизнисмен Симеон Окомокос, а многумина не знаат дека пред да се венчаат потпишале предбрачен договор, пишува „Мондо.рс“.

Како што еднаш открила водителката, на овој потег се одлучиле поради неговите ќерки, со оглед на тоа што работите во нивниот однос на самиот почеток не биле идеални.

Инаку, Сузана го запознала Симеон преку пријател, кој претходно ја критикувал поради изборот на мажи.

– Тоа беше вистинска подведувачка средба. Еден заеднички пријател ми се јави еден ден и ми рече: „Те молам, многу краток брифинг – што ќе пиеш? Слушај, тој ми е пријател од факултет, знаеш колку те сакаме јас и мојата Лула и колку сме горди што те имаме за наш пријател, но и покрај сите твои квалитети, никогаш не умееше да избереш маж“. Почнав да се смеам – раскажала Сузана и додала дека тогаш била во врска без обврски.

Пријателот накратко ѝ го опишал Симеон, но таа била скептична. Сепак, тие се договориле да одат заедно на вечера.

– Имав тезга таа вечер, но не отидов и им се придружив на вечерата. За него тоа беше љубов на прв поглед. Кога ме здогледа, а јас дури и запеав во тој романтичен амбиент со свеќи, тој целосно „падна“. Јас бев порезервирана, но нашиот пријател одлично нè процени. Па така, останавме заедно 22, односно 23 години, од кои пет сме во брак – рекла Сузана.

Иако одлично се согласуваат, таа признава дека не се имуни на расправии.

– Имаме добар однос и одлично се разбираме, но понекогаш летаат искри. Се караме, „летаат пердуви“, не разговараме два-три дена, но сето тоа брзо поминува. Понекогаш тој е нервозен, понекогаш јас – објаснила таа.

Кога станува збор за предбрачниот договор, иницијативата дошла од нејзина страна.

– Грците имаат специфичен менталитет и посебна грижа за ќерките. Кај нас, наследното право е често во корист на синовите, додека кај нив тоа не постои. Сфатив дека можеби неговите ќерки имале некои стравови или дека тој самиот бил загрижен како тие ќе реагираат. Затоа предложив да потпишеме предбрачен договор, кој во суштина е документ кој дефинира што секој стекнал пред бракот. Мислам дека тоа ја олесни ситуацијата, особено за девојките – рекла Сузана.

Ќерките на нејзиниот сопруг на почетокот не ја прифатиле со воодушевување.

– Секако дека не. Бев премногу убава, привлечна и весела, а видоа дека нивниот татко е вљубен, што може да биде проблем во младоста. Сега имаме прекрасен однос, но за тоа беа потребни 22 години – признала таа.

Иако ужива во луксузот што ѝ го обезбедува Симеон, богатството не ѝ е приоритет.

– Неговото богатство нема да ми значи ништо еден ден, кога него ќе го нема. Но, додека сме заедно, сакам да уживам во него – убави патувања, изненадувања… Тоа е прекрасно, но не и пресудно – заклучила Сузана Манчиќ.

 

Слични објави

„Господ ми го испрати Муки, а јас се борев за децата“: Искрена исповед на Тања Савиќ за љубовта и најголемата драма во животот

Еспресо

„Сакаат да му го нарушат угледот“! Се огласи адвокатот на Боба Живојиновиќ, откри нови детали од истрагата

apostolova

(Фото) Сања Кужет ја врати совршената линија по третото породување: Водителката позираше без грам шминка

apostolova

(Фото) Ограбена српска пејачка: Во 4 часот наутро ѝ го скршиле прозорецот на автомобилот, затекнала целосен хаос

Еспресо

Од сумата ќе ви се заврти во глава: Еве колку пари потрошила Наташа Беквалац за полнолетството на нејзината ќерка

Еспресо

(Фото) Станија го прослави својот 40-ти роденден! Скапи подароци насекаде, а еве кој ѝ правеше друштво

Еспресо
Се вчитува....