6.8 C
Скопје
04:13 - 31 март, 2026

Стојанче Ангелов ја лажел мајка му дека му е обезбедување на Бранко Црвенковски

Генерал Стојанче Ангелов се присети на времето кога беше во коалиција со Бранко Црвенковски, во 2012 година, кога Црвенковски беше претседател на СДСМ.

Ангелов во емисијата „Еден на Еден“ на Жаре му раскажа дека тој потекнува од патриотско семејство.

Во тоа време му било непријатно да ѝ каже на неговата мајка дека на избори ќе оди во коалиција со Црвенковски, кој не ѝ бил меѓу омилените политичари, па неговит брат нашол начин како да избалансира, ѝ ја излажал мајката дека Стојанче ќе работи како обезбедување кај Црвенковски.

Стојанче Ангелов/Промо

– Седиме ние на масата, јас Бранко Црвенковоски од едната страна и Љупчо Георгиевски од другата страна , Андреј Жерновски и претставникот на Обединети за Македонија, и сите имавме краток говор, слики многу направија, објавија сите портали. Мајка ми е возрасна, не чита портали, бидејќи благодарение на моето учество во војната, мајка ми безмалку го изгуби видот поради шеќерот. И брат ми ми ѕвони и ми вика: Брат, не се секирај, на мама не ѝ кажувам дека си во коалиција со Бранко Црвенковски. Ја излажав  дека си му бодигард. Мамо, мора да живее од нешто. Тој  друго не знае, знае да обезбедува, и нашол работа кај Бранко Црвенковски – му раскажал Стојанче на Жаре. 

Емисијата со Ангелов ќе се емтува во недела, на Канал 5 од 18.30. Во најавата, Жаре вели дека тој и Стојанче играле опасни игри.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....