14:53 - 2 април, 2026

Србинка тврди дека е светска ѕвезда: Лејди Гага ми рече да дојдам во Њујорк

Диди Џи е српска пејачка која тврди дека е голема ѕвезда во Соединетите Американски Држави.

Диди, чие вистинско име е Дијана Јанковиќ, редовно ги известува српските медиуми за нејзината светска слава. Таа вели дека пеела пред 200.000 луѓе во САД и дека светските ѕвезди ѝ се пријатели.

Во последното интервју, Диди изјави дека е толку популарна во САД, што околу неа на доделувањето на музичките награди Греми биле светски ѕвезди како Џенифер Лопез и Тејлор Свифт.

„Знаев дека ќе бидам ѕвезда како Џенифер Лопез“, вели таа.

Не е познато како Диди стигнала до Греми наградите, но тврди дека светските ѕвезди станале нејзини пријатели и ја поддржуваат во кариерата.

„Лејди Гага ми го даде најдобриот совет во кариерата. Ми рече дека ако навистина го сакам тоа, не треба да слушам никого”, вели Диди, додавајќи дека Гага ѝ рекла да ги спакува куферите и да дојде во Њујорк.

Фото: Инстаграм/Диди Џи

 

Слични објави

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо
Се вчитува....