14.8 C
Скопје
15:03 - 17 март, 2026

Соседите на Сенида за нејзината тажна судбина: „Беше затворена дома со месеци!“

Популарната пејачка Сенидa Хајдарпашиќ, позната како Сенидa, е едно од најголемите музички имиња од Словенија. Екипата на „Курир“ ја посети Љубљана и маалото Баварски двор, каде што е родена и каде живее.

Жителите од соседството имаат само пофални зборови за својата позната сограѓанка. Велат дека е приземјена, љубезна и секогаш расположена за разговор и фотографија со фановите. Често може да се види во прошетка со своето момче или сестра ѝ, со која, според соседите, се нераздвојни.

Но, зад нејзината слава се крие тажна животна приказна. Како дете, Сенидa го загубила татко ѝ во сообраќајна несреќа. Мајка ѝ била тешко повредена, а сестра ѝ останала во кома. Иако таа физички поминала без повреди, психичките последици ја следеле низ животот. Пред десетина години ја загубила и мајка ѝ – личноста што ѝ била најголема поддршка. По тој удар, месеци не излегувала од дома.

Во емисијата „Поп ток“, Сенидa искрено зборуваше за болката што ја носи: „Од нејзината смрт минаа десет години. Ни денес не е лесно. Се прашувам: ‘Каде е таа личност? Зошто ја нема?’ Мајка ми ми велеше дека сум посебна. Јас бев нејзина гордост, но и некој што го држеше во ред само со еден поглед“.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin
Се вчитува....