7.8 C
Скопје
23:05 - 31 март, 2026

Скандалот со педофилот Епштајн го плаќа прескапо – кралот Чарлс го протера принцот Ендрју

Британскиот крал Чарлс го протера принцот Ендрју од Бакингемската палата по скандалот со педофилот финансиер Џефри Епштајн, јавуваат британските медиуми.

Тоа наводно значи дека на Ендрју нема да му биде дозволено да има канцеларија во споменатата палата, а како што пишува „Дејли мејл“, Чарлс овој пат бил строг и му рекол на својот брат дека отсега тој е принуден да се грижи за себе.

– Секое присуство во палатата е официјално завршено. Кралот јасно стави до знаење. Тој повеќе не е работен член на семејството и сега е оставен сам да се снаоѓа – рекол изворот, додавајќи дека принцот Ендру утре ќе им се придружи на кралот и на другите членови на кралското семејство на божиќниот ручек во Сандригам, но нема да има можност да оди на семејна прошетка во црква со нив.

Принцот Ендрју тврди дека никогаш не бил близок со Епштајн, кој изврши самоубиство во затвор во август 2019 година, откако беше обвинет за сексуална трговија и злоупотреба на деца, чија поранешна девојка, Гислајн Максвел, моментално отслужува 20-годишна затворска казна.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....