8.8 C
Скопје
12:19 - 1 април, 2026

Сите зборуваат за зборовите на Џејла Рамовиќ за Рада Манојловиќ: Пејачката веднаш се огласи

Младата пејачка Џејла Рамовиќ отворено проговори за своето восхитување кон својата колешка Рада Манојловиќ, истакнувајќи ја нејзината едноставност, позитивна енергија и топлина што ја пренесува каде и да се појави.

– Колку е слатка. Рада Манојловиќ е како некој цвет – мека, нежна. Таа е толку добра, луда сум по неа. Секогаш изгледа слатка и опуштена, секогаш е толку мила. Кога ја видов на промоцијата без шминка и во рамни чевли – беше како мед – изјавила Џејла за српските медиуми.

Рада Манојловиќ не останала рамнодушна на овие зборови, па јавно ѝ се заблагодарила на Џејла преку социјалните мрежи, велејќи ѝ дека е прекрасна, објавува „Грандонлајн“.

Покрај љубезните зборови упатени до нејзината колешка, Џејла неодамна имаше важна лична причина за славење – дипломирала во Шпанија, каде што завршила факултет со поддршка на нејзиното семејство и пријатели.

Пејачката блескала на свеченоста, додека музичарот Бојан Цвјетиќанин гордо ја следел, што дополнително ги разгоре шпекулациите дека нивната врска го надминала пријателскиот однос. Сепак, Џејла не потврди дека се заедно.

 

 

Слични објави

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

msp-admin

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....