5.8 C
Скопје
02:31 - 1 април, 2026

Шварценегер открива како го заработил првиот милион

Арнолд Шварценегер е навистина жива легенда.

Иако има 71 година, тој сè уште е физички активен, изгледа одлично и сè уште глуми во акциони филмови. Шварценегер е навистина еден од најуспешните луѓе во историјата, не само поради големото богатство што го стекнал, туку затоа што создал три успешни и различни кариери.

Многумина би биле задоволни да успеат и во една работа. Но, тој најпрво бил најдобар бодибилдер, па најпопуларен акционен актер, за подоцна да биде и гувернер на Калифорнија, земја во која дури не е ни роден. Што значи, Шварценегер е некој кој може да ни дава лекции и совети за успешен живот и сигурни сме дека секој негов совет би вредел пари.

Во неодамнешното интервју што го дал за еден американски весник, Шварценегер открил како го заработил својот прв милион, кој според него е најтежок. Многумина мислеле дека успеал благодарение на бодибилдингот, но вистината е поинаква.

– Кога имав 21 година отидов во Америка со само 27.000 долари. Тоа ми беше доволно за почеток. Иако бев успешен во бодибилдингот, тоа не ми донесе богатство, туку паметно вложување во недвижнини. Купив најпрво еден мал стан, потоа мала куќа, па неколку куќи, за во време од една година да стекнам имот во вредност од милион долари. Може да се каже дека имав дарба и за тоа, бидејќи недвижнините ми овозможија толку рано да се збогатам, а не бодибилдингот и актерството, –рекол познатиот актер и додал дека за улогата во „Терминатор“ добил само 75.000 долари, бидејќи тоа бил негов втор филм.

Шварценегер исто така вели дека милионер не може да стане човек кој не знае да штеди и кој не размислува паметно.

– Секој од вас мора да пронајде најдобри сили и да ги искористи за собирање пари, но на праведен и паметен начин, им порачува Шварц на своите фанови.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо
Се вчитува....