7.8 C
Скопје
03:48 - 2 април, 2026

Што вклучува „железниот“ предбрачен договор на Бритни Спирс која тежи 60 милиони

Венчавката на Бритни Спирс со Сем Асгари, прославена во четврток на 9 јуни, беше многу романтична: неколку славни гости, локација од бајките, невестата во бел фустан со долг превез, многу насмевки и многу бакнежи… Сепак, поп-кралицата, пред да каже „да“, размислувала (исто така) на помалку прозаичните страни. Како што открива Тмз четириесетгодишната Бритни го навела нејзиниот дваесет и осумгодишен сопруг да потпише „ железен предбрачен договор“, поучена од искуството од претходните бракови, еден со Џејсон Александер (оној кој беше уапсен и казнет со со 3-годишна забрана за приближување затоа што се обиде да ја попречи свадбата на Бритни и Сем) и Кевин Федерлајн, татко на нејзините два сина Шон и Џејден.

Во договорот пишува дека во случај на идно раскинување, Сем нема да добие ниту цент од милионите што Бритни Спирс ги заработила пред датумот на нивната венчавка. Со други зборови: сè што било дел од имотот на пејачката пред 9 јуни 2022 година, Сем не може да го „пипне“. Зборуваме за импресивна бројка: околу 60 милиони долари. Така, потегот, коментира Тмз, „не е баш толку изненадувачки“:

„Бритни „вреди“ околу 60 милиони долари и очигледно постои потенцијал за многу сериозна заработка и во иднина. Но, таа ќе го задржи цел свој капитал недопрен ако работите тргнат наопаку за неа и за Сем“, вели адвокатот на Спирс..

Извор пак, изјави за Us Weekly во мај 2022 година дека предбрачните преговори меѓу Бритни и Сем траат „подолго од вообичаеното“ затоа што „Сем не сака да заврши без пари ако се разделат“.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо
Се вчитува....