08:49 - 15 декември, 2025

Што прават членовите на кралското семејство во слободно време: Кралицата Елизабета пишува писма и ужива со кучињата, принцот Чарлс е посветен на хортикултурата, а Вилијам и Кејт поминуваат време со децата

Медиумите и светската јавност со големо внимание ги следат ангажманите на кралското семејство, но дали сте се запрашале што прават тие по цел ден кога всушност немаат никакви обврски?

Многумина можеби мислат дека тие зад затворени врати поминуваат часови на каучот, сурфајќи на интернет. Или можеби го испробуваат својот скапоцен накит, уживаат во вкусните оброци…


За жал, ништо од тоа не е точно. Еве што прават членовите на кралското семејство кога ништо не прават.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Кралицата Елизабета

Кралицата Елизабета своето слободно време го користи за пишување писма, организирајќи витешки собири, а потоа има состаноци со својот персонал и претставниците на дипломатијата, црквите, судот и војската.

Бидејќи кралицата мора да биде организирана, таа на секој му посветува по 20 минути од своето време, а потоа ги носи своите кучиња на прошетка.

Во раните вечерни часови, Елизабета ги проучува извештаите од парламентот, а секоја среда има јавен состанок со премиерот. Ужива во фотографирањето, токму како и војвотката од Кембриџ – Кејт Мидлтон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Принцot Чарлс

Можеби еден ден ќе се појават повеќе информации за слободното време на принцот. Она што сега го знаеме е дека тој е на чело на 13 добротворни организации како што е фондацијата „Принц Чарлс“ и Британско-азискиот фонд.

Принцот е вљубеник во хортикултурата и и има напишано две книги за екологија.

Освен тоа, слика и акварели иако не добива најдобри критики за своите дела. Способно управува со своите пари и годишно издвојува по милион фунти за своите синови.


Принцот Вилијам

Откако ја напуштил својата хонорарна работа во воздухопловната амбулантна служба „East Anglian“, принцот Вилијам се фокусирал на родителските и кралските обврски.

Тој своевремено за „BBC“ изјавил дека многу сериозно ги сфаќа своите должности и одговорноста кон семејството, како и дека сака да ги израсне своите деца во добри луѓе.

Во слободно време, принцот Вилијам обожува да скија.


Војвотката од Кембриџ – Кејт Мидлтон

Војвотката е мајка со полно работно време, но токму како и нејзиниот сопруг, во последно време презела повеќе кралски должности.

Кејт е вљубеник во фотографијата и е доживотен почесен член во престижното Кралско фотографско друштво кое го препознал нејзиниот талент и ентузијазам.

Пред четири години, војвотката ги здружи силите со својот сопруг и принцот Хари за основање на „Heads Together“, здружение за ментално здравје кое се бори против стигмата за ментално заболените. Ова, без сомнеж ѝ одзема голем дел од нејзиното слободно време.

Слични објави

(Видео) Воз околу елка и Дедо Мраз кој се качува по јаже: Лидија Вукичевиќ ја покажа бајковитата декорација за Нова Година

Еспресо

(Фото) Голема промена кај Весна Бејби по 20 години, а покажа и каква е кога ќе стане од спиење

msp-admin

Хороскоп за 15 декември: Девиците ќе доживеат кулминација, Јарците ќе ги истакнат своите квалитети

Еспресо

„Користи лекови, има пиштол, импотентен е и е шворц“: Атина Ферари со шок-тврдења за Аца Лукас

Еспресо

Ера Ојданиќ го воодушеви внукот: За 18. роденден му подари подарок вреден 160.000 евра

E.A.

(Фото) Кадар што ги топи сите срца: Милан Васиќ покажа како го разгалува својот син Деспот

Еспресо
Се вчитува....