01:35 - 7 април, 2026

Шакира ги продаде правата за сите свои песни: „Hips Don’t Lie” и „Whenever, Wherever” сега му припаѓаат на друг

Шакира е една од последните во низа музичари кои ги продадоа авторските права на своите остварувања, и тоа за мултимилионски суми.

Сите свои 145 песни, вклучувајќи ги и хитовите „Hips Don’t Lie“, „Whenever, Wherever“ и „She Wolf“, таа ги продаде на „Hipgnosis Song“ фондот, кој неодамна ја откупи и музиката на Блонди и Нил Јанг.

Да се потсетиме, ова се песните кои Шакира ја направија латино пејачка со најголем број на продадени албуми – повеќе од 80 милиони ширум светот.

Компанијата „Hipgnosis Song“ не сакаше да открие колкава сума и исплатиле на Шакира за сите нејзини песни, но обично во тие случаи му се дава еквивален на тоа што обично уметникот би го заработил во првите 15 години.

Фото: Јутјуб

А со данокот кој нема да мора да го плати, проценките се дека таа одеднаш добила пари кои инаку во делови требала да ги добива во наредните 25 години за авторските права на своите песни.

На музичарите ваквите договори им овозможуваат моментална финансиска сигурност, додека „Hipgnosis Song“ кој отсега ги поседува овие песни, веројатно се надева дека ќе профитира од новите стриминг сервиси на кои овие песни ќе се најдат, од дозволи за употреба во филмови и серии, реклами, кавери и настапи од страна на други уметници.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....