8.8 C
Скопје
12:18 - 1 април, 2026

Секоја чест: Шеф Никола ослабе 30 килограми, нема да го препознаете!

Популарниот македонски готвач Никола Мишковски, познат по ангажманот во кулинарската емисија „Брза кујна“, во последните неколку месеци доживеа неверојатна физичка трансформација – ослабе цели 30 килограми и денес тежи 86.2 кг, наместо претходните 116.

„Ова не е само слабеење, ова е будење“, напиша тој во инспиративна објава на „Инстаграм“, споделувајќи ја својата борба, посветеност и причините поради кои решил да го смени животниот стил.

„Почнав заради здравје, останав заради љубов кон животот. Секоја утринска трка, секое ’не‘ на искушението, секоја капка пот – ме донесе до оваа верзија од себе. Никој не веруваше. Ни јас, на почетокот. Ама денес? Денес се гледа. Денес се чувствува“, напиша тој.

Изминатите месеци тој редовно објавуваше видеа од вежбална, вежби и мотивациски пораки.

„Пред неколку месеци бев друг човек – истото тело, но без енергија, без сила, без самодоверба. Денес не само што намалив килограми, туку ја вратив контролата врз мојот живот… Ова не е само трансформација на телото. Ова е борба за подобра верзија од себе. И уште не сум завршил. Дури сега почнувам“, порача готвачот.

Фото: Инстаграм

Слични објави

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

msp-admin

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....