7.8 C
Скопје
19:39 - 31 март, 2026

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Екипата на српски „Курир“ се сретна со Сека Алексиќ на промоцијата на албумот на пејачката Нина Бадриќ, каде што таа сподели детали за својата борба за потомство.

Пејачката не крие дека долго време се борела да стане мајка. Денес има два сина. Таа и нејзиниот сопруг Вељко Пиљкиќ поминале низ многу предизвици, а сега таа проговори за најтешките моменти од тој период.

Алексиќ е позната по својата отвореност и директност, па се осврна и на сите коментари што таа и Вељко ги добивале додека се бореле да станат родители.

„Најлошото прашање ми беше: ‘Што ќе правиш ако те остави маж ти затоа што не можеш да родиш деца?’ Јас сум директна, но зад таа директност стои една друга личност – така само ги прикривам емоциите. Мислам дека жените ќе се согласат со мене дека тоа се многу тешки и потресни прашања, затоа што автоматски ве тераат да размислувате: ‘А што ако навистина се случи тоа?’“, призна Сека.

Алексиќ вели дека имала среќа што го избрала токму Вељко, кој безусловно ја сака.

„Имав среќа зад мене да стои сериозен маж кој искрено ме сака и нему не му беше важно дали ќе можам да родам деца или не. Нему му сум важна јас и мојата среќа, а кога човек е искрен, Бог така и дава. И посакувам уште такви награди“, изјави таа.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо
Се вчитува....