15:53 - 3 април, 2026

„Се смувавме во комбе“: Рада Манојловиќ сподели шокантни детали од врската со Милан Станковиќ

Популарната пејачка Рада Манојловиќ гостуваше во емисијата „Цеца шоу“ и отворено проговори за поранешниот емотивен партнер Милан Станковиќ, со кој остана во пријателски односи.

Новата епизода носи многу музика, забавни игри, смеа и искрени разговори за приватниот живот на гостите. Гледачите ќе можат да дознаат нови и интересни детали за нивните омилени музичари, кои јавноста до сега немала можност да ги слушне .

„Нашата врска се уште трае, како пријателство. Тоа е ретко, но постои. Милан е мој пријател, сега му оди одлично, си го најде својот мир и спокој, се повлече од шоуто и јас го разбирам“, вели Рада.

Манојловиќ дополнително објасни низ што поминале заедно за време на нивните музички почетоци.

„Поминавме низ голгота. Не си бевме сами свои газди, бевме во организација која не не прашуваше дали сме јаделе или сме спиеле. Живеевме во комбе и правевме два или три концерти на ден. Тоа е местото каде што се смувавме. имавме 20 години. Нашата љубов произлезе од тој труд и пријателство, затоа останавме пријатели“, рече Рада.

Пејачката напоменала и дека Милан ја замолил да не зборува за него јавно, но дека често го прави тоа бидејќи има само убави зборови за него.

„Милан ми забрани да зборувам за него. Ни самата не знам зошто, затоа што секогаш зборувам за него на најубав начин. Тој секогаш ми вели ‘се додека ти продолжиш да зборуваш, јас ќе молчам’“, додаде Манојловиќ низ насмевка.

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....