12.8 C
Скопје
12:41 - 27 октомври, 2026

Се смирија Бред Пит и Џенифер Анистон

Кога актерот на црвениот тепих го прашаа дали поранешната сопруга ќе му прави друштво на доделувањето на Оскари, тој се насмеа и зацрвени…

Бред Пит и Џенифер Анистон повторно се во љубовна врска, пишува „Mirror“, а нивните пријатели откриле дека поранешните сопружници се обидуваат да ја вратат љубовта, страста и довербата која ја имале додека биле во брак.

Бред и Џенифер најмалку пет пати биле на љубовен состанок пред историската средба на црвениот тепих, тврдат нивните пријатели. Тие двајца наводно и празниците ги поминале заедно во вилата на Џенифер.

profimedia

– Мислам дека таа никогаш не ни престана да го сака, иако и го скрши срцето кога замина со Анџелина Џоли. И требаше многу време, но се му прости. Тоа е главниот чекор доколку сакате да продолжите понатака, изјавил пријателот на Џенифер.

– Единственото нешто за што зборува е Џенифер. Ја обновија својата романса и не сум ги видел волку среќни веќе неколку години – изјавил колегата на Бред.

profimedia

Кога Бред Пит на црвениот тепих го прашаа дали можеби Џенифер ќе му прави друштво на доделувањето на Оскарите, тој се насмеа и зацрвене, па кажа дека ќе нема придружба. Кога новинарите ја прашаа актерката за врската со Бред, таа имаше веќе подготвен одговор.

– Ова е пресмешно. За што се луѓето зборуваат, низ насмевка кажала Џен.

Слични објави

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova
Се вчитува....