10:53 - 5 декември, 2025

Се породи глумицата Анѓелка Прпиќ: На ќерката ѝ даде име по улога со која се прослави

Српската глумица Анѓелка Прпиќ, кај нас позната по тв серијата Андрија и Ангелка, се породи и на свет донесе девојче, а породувањето поминало добро, известуваат српските медиуми.

Анѓелка на својот избраник Марко му подари прво дете, додека од претходниот брак со Дарио Прпиќ има син.

На ќерката ѝ даде име по улога во серијата „Жените од Дедиње“ со која Анѓелка се прослави.

Глумицата и порано истакнувала колку токму таа улога ѝ го променила животот, и дека времето го дели на пред и после улогата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andjelka Prpic (@andjelkap)

Инаку, Анѓелка и Марко неодамна ја опремија собата за доаѓањето на бебето. Таа на својот Инстаграм профил покажа како му приредила катче на бебето кое е дел од нивната спална соба.

 

Слични објави

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin
Се вчитува....