2.8 C
Скопје
17:30 - 22 декември, 2024

Се огласи Рамбо Амадеус: Дотичната „ја удрив или ја штипнав за задникот, има сателитски снимки кои можат да го потврдат тоа“

Антонијо Пушиќ, попознат како Рамбо Амадеус, беше обвинет од продуцентката на емисијата „Дневница“ на Радио телевизија на Црна Гора, Лејла Кашиќ, за сексуално вознемирување, а таа јавно го повика УНИЦЕФ да реагира.

Во име на УНИЦЕФ набрзо излегоа со официјално соопштение во кое наведуваат дека осудуваат секаква форма на малтретирање, а популарниот музичар ќе биде суспендиран.

Се огласи денеска на својот Фејсбук профил и Рамбо Амадуес.

-По повод несреќниот, немил и непријатен настан во финалето на снимањето на епизодата од серијата „Дневница“, како и медиумската врева што го следи, сакам да се огласам и да го објаснам моето целосно недолично однесување кон новинарката Лејла Кашиќ. Додуша, ќе беше многу полесно да се наведе на што конкретно замерува, бидејќи во текот на денот имаше доста недоразбирања и несогласувања во нашата комуникација. Ова изгледа како некоја нејзина медиумска тактика, но еве, ќе се обидам сам да ги набројам и признаам сите мои погрешни постапки. Ќе ја замолам дотичната да ме дополни ако сум заборавил некој од злоделата – започна Рамбо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lejla Kašić (@lejlakasic)

– Цел ден бев изнервиран и саркастичен поради фактот што толку набрзина упаднав во нешто што нема врска со мојот сензибилитет и убедувања. Пред се, поради моето противење јавно да снимам семејство на кое му се помага и со тоа да го стигматизирам јавно. Тоа ми изгледаше ужасно сурово, не можев да сфатам дека некому му е „кул“ и дека мислат дека прават добро дело. Површно ги проверував преносите, не ни забележав дека семејството на кое му се помага е изложено на медиумите. Гласно протестирав пред камерата, но бидејќи целата локална заедница веќе со нетрпение очекуваше да учествувам на тој хуманитарен настан, ме ставија пред свршен чин. Немав друг избор освен „пиздам“. На пример, поради постојаната корекција на продуцентката на секоја моја реченица во врска со било што. Тоа мораше да се издржи.

Потоа поради бесрамното кокетирање, кое ми одеше на нерви цел ден.

Поради лажното морализирање и инсистирање на тоа дека нивната работа е којзнае колку хумана, а, всушност, социјално загрозените се изложуваат медиумски поради нејзината лична промоција.

Поради фактот дека генералниот спонзор на емисијата е фирма која има обложувалници, а знаеме дека, моментално, тоа е најголемиот проблем и најлесниот пат кон сиромаштија, нешто против што се бори овој серијал.

Но, да потсетам, јас сум обвинет и јавно сум осуден за сексуално вознемирување.

Еве, да прецизирам.

Додека одевме кон куќата на социјално загрозеното семејство, дотичната госпоѓица сосема непланирано ја допрев или ја плеснав по заедникот. Можеби ја штипнав, не се сеќавам. Сакав да ѝ дадам до знаење дека ме стави во понижувачка ситуација. Некаков последен обид да се откаже од грубиот упад во интимата на едно семејство. Несреќно арикулиран квази-другарски аларм. Можеби сексистички, но не и сексуален.

Никој не го виде тоа, ни таа не се бунеше, можев да го негирам, но ме мрзи да се фолирам. Не сум тој лик.

Значи, ја плеснав, пипав или штипнав во траење од една секунда. Верувам дека постојат сателитски снимки кои можат да го потврдат тоа, денес и онака се снима секој дел од планетата.

Потоа, за време на снимањето, во станчето на семејството, додека јас лично не успеав да го исконтролирам своето големо вознемирување, каде што ги опцув и општеството и државата пред камерите поради фактот дека мораме да просиме за да можеме да им овозможиме на некои луѓе да си ги платат долговите и да го наполнат фрижидерот, дотичната покажа целосна присебност и ладнокрвност.

По снимањето, на самата разделба, таа почна да покажува некоја театрална лутина и бараше од мене да ѝ се извинам.

Откако не го доби извинувањето, почна со хистеричниот напад, толку силен што ѝ реков дека лудача и дека треба да се лечи. Тоа навистина искрено го мислам и сега. Баш како што мислам дека целата медиумска сцена е болна, во која, поради отсуство на јасни етички правила, се прифаќа ‘cancel’ култура – култура на средновековен лов на вештерки, но во ера на мобилните телефони.

Секако, би сакал да нагласам дека секој облик на насилство врз кој било, а особено врз децата и жените, ми е неприфатлив и гнасен. Но, во овој случај навистина не чувствувам дека бев насилен, туку само го бранев сопствениот интегритет. Доколку имаше маж на нејзино место, тој ќе поминеше многу полошо.

Знам дека сега медиумски ќе ме закопате поради тоа што не прифатив општествено лицемерство и што јавно не се извинив. Не можам. Гадно ми е да ѝ се извинувам на личност за која мислам дека е манипулативна и злобна. Секако дека ми е жал што ги изгубив нервите и што допрев нешто што не се допира без дозвола. Секако дека ми е жал што ги изгубив нервите и што се дерев. Не беше во ред. Mea maxima culpa. Им се извинувам на оние кои очеуваа поквалитетно однесување под притисок од мене.

Напоменувам, бидејќи се манипулира со тоа, дека веднаш ја известив организацијата УНИЦЕФ дека го замрзнуваме нашиот аранжман додека случајот не се разјасни. Тие изреагираа онака како што, веројатно, мораат.

Дебилната ‘cancel’ култура, која ја засилува денешната психологија на стадо, нема да ме натера да се плашам од пропаст на мојот углед. Ми е гајле за јавниот углед во кој јавната сфера е целосно деградирана“, напиша Рамбо Амадеус на Фејсбук.

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....