6.8 C
Скопје
04:33 - 31 март, 2026

Се налути Спасен Силјановски и распали на Фејсбук: Во која држава ќе се одлеат стотици илјади евра…

Спасен Силјановски, омиелн кај народот е еден од нашите најпопуларни фолк-пејачи. тој важи за човек без влакно на јазикот, кој на социјалните мрежи секогаш храбро го кажува своето мислење, особено кога станува збор за домашната естрада.

Инаку, македонската народна музика е многу ценета во државите на поранешна Југославија, па не е чудно што песната „Ќе ти дојдам“ од Спасен е голем хит меѓу балканските корисници на ТикТок. Спасен по ова изјави дека колегите од естрадата му честитале на успехот.

Овојпат, тој се налути на организаторите на една локална манифестација каде што како главни ѕвезди меѓудругото ќе настапуваат Харис Џиновиќ и Марија Шерифовиќ.

-РОШТИЛИДАЈА – ЛЕСКОВАЦ или ГРОЗДОБЕР-КАВАДАРЦИ?! Во која држава се наоѓа Кавадарци???
Во која држава е градоначалник Јанчев? Во која држава зрее Грозјето? Во која држава ќе се одлеат стотици иљади евра за музичките изведувачи од овој настан ???
……И повторно не сакам да бидам разбран дека се борам за себе. Неее, никогаш. Се борам за нашата култура и традиција. Па замислете бе луѓе каков е тој Гроздобер без ниту една Тиквешка песна. Гроздобер без ниту еден Македонски фолк изведувач.
Гроздобер без кралевите на Тиквешката музика како Анѓел Џамбазот и останати….. Мислев дека нема подолу од дното ама еве имало…И некогаш се прашувам сам себе, па штом само јас се бунам изгледа не сум во право, можеби така треба, сите молчат па ваљда не сум јас најпаметен.
Фото/ Фејсбук
Простете ако грешам. П.с. Единствено сум среќен што знам дека оние прави Македонци од Кавадарци ќе се соберат “Кај Буки” и ќе уживаат во песната на Џамбазот и Дулот“, напиша Спасен.
Фото/ Фејсбук

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....