22.6 C
Скопје
00:20 - 1 август, 2026

(Видео) Хаусер не знае што се тоа чевли: Хрватот повторно свиреше бос, а покрај него убава русокоса и кучиња

Хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер повторно успеа да го привлече вниманието на јавноста. Тој објави видео со италијанската виолончелистка Џулија, каде што заедно свират и танцуваат во друштво на своите миленици – кучињата. Хаусер е облечен во жолта кошула и црни панталони, но публиката најмногу го забележа фактот дека и овој пат е бос. Шегата дека тој секогаш настапува без обувки одамна е омилена меѓу обожавателите.

„Прекрасни сте, прекрасни ви се кучињата“, „Убав пар сте“, „Симпатични сте, ама нека ти купи некој чевли“ – се дел од коментарите под видеото. Под снимката, Хаузер напиша „Време за семејство“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HAUSER (@hausercello)


Дуото „2Челос“ стана светска сензација во 2011 година, откако нивната обработка на „Smooth Criminal“ стана вирален хит на Јутјуб, со повеќе од три милиони прегледи во првите две недели и речиси 43 милиони прегледи до април 2021 година. Стјепан Хаузер и Лука Шулич заедно патуваа низ светот и настапуваа на најголемите сцени.

Наскоро Хаусер откри дека со колегата Лука и понатаму е во контакт.

„Лука и јас постигнавме огромни работи заедно, но со текот на времето нашите желби и патишта се променија. Среќен сум за сè што направивме, но и за тоа каде сме сега. Често со радост се сеќавам на нашите настапи и на сè што постигнавме. Тоа беше едно неверојатно патување полно со енергија“, изјави тој за „Стори“.

Веќе подолго време се шпекулира за неговата врска со Марија Весо.

„Разбирам дека медиумите и луѓето се љубопитни, но својот приватен живот сакам да го задржам за себе“, истакна Хаузер и додаде дека во моментов кариерата му е на прво место.

Слични објави

(Фото) Новата снаа на Лепа Брена ги покажа заносните облини – меѓу градите крие тетоважа

Еспресо

Дарко Лазиќ демантира дека бил исфрлен од клуб: „Пеев час и половина, а не ми платија“

Еспресо

Теодора Џехверовиќ отворено за конфликтот со колешката Ема Радујко: „Не толерирам непочитување“

Еспресо

Дара Бубамара полека го воведува партнерот во светот на естрадата

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од Дea Ѓурѓевиќ од породилиштето: Водителката блеска само два часа по породувањето

Еспресо

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо
Се вчитува....