8.8 C
Скопје
09:24 - 18 март, 2026

СЕ МАЖИ ЗА „ОБИЧЕН ЧОВЕК“: Јапонската принцеза Мако ќе одбие 1,3 милиони долари

принцеза мако

Јапонската принцеза Мако, внука на царот Нарухито, планира да се омажи за своето долгогодишно момче Кеи Комура до крајот на оваа година и планира да одбие исплата од 1,3 милиони долари од јапонската влада.

Јапонската влада традиционално им плаќа на жените кои го губат својот кралски статус кога ќе се венчаат. Принцезата Мако ќе се откаже од кралските титули за да се омажи за Комура, бидејќи законот во Јапонија бара принцезата да го напушти царското семејство откако ќе се омажи за „обичен човек“.

ФОТО: EPA-EFE/Fernando Bizerra

Според странските медиуми принцезата планира да се пресели во Америка, каде нејзиниот иден сопруг има намера да работи во адвокатска фирма во Њујорк.

Двојката се запознала за време на факултетски настан во ресторан во Токио. И двајцата во тоа време биле студенти на „Меѓународниот христијански универзитет“ во Токио.

„Прво ме привлече неговата светла насмевка“, рече Мако во една прилика. Тие се вериле во 2013 година, по неколкугодишна врска на далечина.

Извор: „People“

Слични објави

Харис Џиновиќ станал познат на среќа, му се паднало „бинго“

Еспресо

Хороскоп за 18 март: Овните ќе добијат убави вести за нова работа, Близнаците се вљубени до уши

Еспресо

„Изгубив половина од себе“: Дарко Лазиќ сподели емотивен спомен за братот Драган

Еспресо

(Фото) Заведува неверни мажи, а потоа јавно ги разоткрива: „Ми се закануваат, но нема да запрам“

Еспресо

Сале Тропико се „исповеда“ за разводот со Јована Пајиќ: „Најмногу болеше разочарувањето…“

Еспресо

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо
Се вчитува....