8.8 C
Скопје
09:42 - 31 март, 2026

Роби Вилијамс за влакно ја избегнал смртта поради труење со жива – „Двапати дневно уживав во таа храна, а таа ме наполни со отрови“

PROFIMEDIA

„Го имав највисокото ниво на жива кое што докторите некогаш го виделе“, изјави пејачот. Англискиот пејач Роби Вилијамс и откри на јавноста дека за малку ќе се соочел со смртта благодарение на исхраната која што подразбирала многу морска храна, а која што долго ја практикувал.

Имено, пејачот открил дека „во еден момент имал толку високо ниво жива во организмот, што сето тоа можело да заврши фатално“, пренесува „Mirror“.

Докторите објасниле дека Роби премногу уживал во консумирањето на октопод, туна и лигни, што за малку ќе завршел фатално затоа што морските плодови изобилуваат со жива. До тоа откритие Роби дошол откако направил рутински тест на крвта.

Резултатите покажале ниво на жива кое се смета за токсично, а докторите објасниле дека со тоа се ставил во ризик од белодробни болести, но и рак на кожата.

Фото: Инстаграм

„Јадев морски плодови двапати дневно и го имав највисокото ниво жива во телото кое што докторите некогаш го виделе кај некого. Се тестирав на жива затоа што мојата сопруга е невротична по тоа прашање и ги прави сите можни тестови. Во секој случај, благодарен сум му на Бог што навремено открив бидејќи сега можев да бидам мртов, како последица на труење со жива и арсен“, изјави Роби Вилијамс.

По ова сознание Роби се вратил на веганската исхрана која ја започнал во 2017-та година.

„Еден ден по тоа што ми го соопштија докторите, се вратив на веганската исхрана“, изјави Роби.

Слични објави

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova
Се вчитува....