13:51 - 19 јануари, 2026

„Реља се гледа со сомнителни типови, Николија изгледа бледо и исцрпено“: Шокантни тврдења на комшиите среде аферата со Анита:

Последниве денови, Николија Јовановиќ и Реља Поповиќ се во фокусот на јавноста поради наводната афера што раперот ја имал со учесничката во „Елита 9“, Анита Станојловиќ.

Пејачката во почетокот не покажа дека ваквите чаршиски приказни ја вознемируваат. Но, информацијата дека заминала на зимување без својот партнер, како и фактот дека накратко го отследила Реља на Инстаграм, дополнително ги разгоре шпекулациите дека нивниот однос е сериозно нарушен. Откако ова стана тема во медиумите, Николија повторно го заследи својот партнер на социјалната мрежа, но ваквото однесување ги шокираше нивните обожаватели, кои се сè позагрижени дека по 12 години заеднички живот и две деца, нивната љубов е доведена во прашање.

Новинарска екипа го посети Врачар, каде што двојката живее во луксузен пентхаус во близина на Храмот Свети Сава. На интерфонoт немало одговор, но нивните соседи биле подготвени да споделат што забележале последниве денови.

„Сите ги познаваме и ги гледаме секојдневно. Николија е посветена мајка, постојано ги носи децата во градинка и без шминка ретко кој би ја препознал. Реља најчесто седи по кафулињата во маалото. Искрено, не сум целосно изненадена од приказните што кружат. И претходно се зборуваше дека има девојки на страна, но јас лично никогаш не сум го видела со друга, освен со Николија. Ако сето ова е вистина, треба да се срами“, изјави една комшивка, додавајќи дека го забележувала Реља и во друштво на, како што вели, сомнителни лица.

Набргу потоа се огласи и друга соседка, која ја видела Николија во екот на аферата.

„Пред неколку дена ја видов како изнесува многу куфери и ги става во автомобил. Беше многу бледа и видно тажна. Подоцна, кога ги слушнав приказните, сè ми стана појасно. Реља оттогаш не сум го видела. Порано беа неразделни, често шетаа со децата и седеа на кафе во маалото. Последниве месеци се чувствуваше дека нешто не е во ред и дека се оддалечуваат“, раскажа таа.

Новинарите се обидоа да стапат во контакт со Реља Поповиќ, но тој, како и обично, не дава изјави за медиумите. Николија го исклучила телефонот и не одговорила на пораки на социјалните мрежи. Анита Станојловиќ, пак, моментално е во ријалити и комуникација со неа не е дозволена.

Во меѓувреме, Весна Змијанац јавно ги демантираше наводите дека Реља ја изневерил нејзината ќерка.

„Тоа нема врска со вистината. Реља ги сака својата жена и децата најмногу на свет. Такви работи не би направил, без разлика на околностите. Нема докази и целата приказна е измислена“, изјави таа.

За разлика од неа, Анита индиректно потврди дека нешто се случувало.

„Ако нешто и се случило, тој што е оженет треба да размислува, не јас. Тоа е мој приватен живот и не треба никого да го интересира“, изјави таа, додавајќи дека Реља е „убаво момче“.

Слични објави

Лепа Брена за средбата со Баба Ванѓа: „Ме натера да спијам на шеќер“

Еспресо

Почина режисерот Мика Алексиќ, обвинет за сексуално злоставување ученички

Еспресо

Хороскоп за 19 јануари: Вагите чувствуваат олеснување, Рибите ја препознаваат вистината без објаснувања

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ го „запали“ Инстаграм: Пејачката позираше во костим за капење со леопард принт

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно шокираше: Пејачката се спружи среде трговски центар, чантата и палтото ги фрли на подот

Еспресо

(Фото) Не остави ништо на фантазијата: Ѓина Џиновиќ позираше во краток свилен фустан, во преден план ѝ беа бујните гради

Еспресо
Се вчитува....