8.8 C
Скопје
11:34 - 1 април, 2026

Првото интервју на Енес Беговиќ по смртта на неговиот син: „Внуците ми даваат сила да продолжам“

Пејачот Енес Беговиќ за првпат по загубата на својот син Армин проговори за семејството и како поминува низ тешките моменти. Тој откри дека најголема утеха му носат неговите внуци, со кои поминува најмногу време.

„Имам четири внуци – двајца внуци и две внуки. Ги сакам најмногу на светот, тие ми се најголемата радост во животот. Кога бев помлад, немав многу време да му се посветам на своето семејство, но сега конечно можам да уживам во овие моменти. Моите родители ми велеа дека љубовта кон внуците е посебна, но дури сега навистина го разбирам тоа“, изјави Беговиќ.

Тој сподели и дека неговите внуци се активни во спортот, што му причинува особено задоволство.

„Најстариот внук ми е одличен фудбалер, едната внука игра тенис, другата одбојка, а најмалиот допрва ќе видиме што ќе избере“, рече тој.

Иако музиката отсекогаш му била живот, Беговиќ призна дека би му било драго ако некој од неговите внуци тргне по неговите стапки.

„Би сакал барем некој од нив да продолжи таму каде што јас застанав“, заклучи пејачот во интервју за „Гранд“.

Синот на Енес, Армин Беговиќ, почина на 13 јуни 2023 година во Клиничкиот центар во Сараево, откако му се вратила автоимуна болест. Починал во прегратките на својот татко.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....