5.8 C
Скопје
09:04 - 21 февруари, 2026

Принцезите Шарлин и Габриел ги освоија погледите на Модната недела во Монте Карло: Најтажната принцеза конечно со насмевка на нејзиното лице

Во рамките на Модната недела во Монте Карло се одржуваат голем број модни настани, од модни ревии до презентации и панели, кои кулминираат со MCFW Fashion Awards. Овој настан беше беше дополнително во фокусот на вниманието благодарение на присуството на принцезата Шарлин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @hshprincealbertii


Принцезата е и главен покровител на Модната недела, а на доделувањето на наградите принцезата Шарлин присуствуваше во друштво на нејзината ќерка Габриел.

Уживав во секој момент кога ја подготвував мојата принцеза за нејзиниот прв официјален настан. Со нетрпение очекуваме убава вечер на модните награди, напиша Шарлин на својот инстаграм – профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vorsten (@vorsten_nl)


За принцезата Габриел ова беше одличен момент. Имено, 7-годишното девојче во придружба на нејзината мајка лично му ја врачи наградата за најдобар нов дизајнер на Абдул Ал-Ромаизан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RockThatBuzz (@rockthatbuzz)


И двете дами беа облечени во креации на јужноафриканскиот дизајнер Теренс Брај, креации кои беа направени специјално за нив.


Габриел во секој поглед изгледаше како принцеза, благодарение на нејзиниот магичен брокат фустан во пастелни нијанси на сина и розова боја.

Нејзината мајка се одлучи за нежен и неутрален фустан од сатен и шифон. Долгиот модел минимално се шири во долниот дел и има набори во пределот на половината. Впечатокот на романтиката го засилуваат лелеавите ракави со шлиц.

Слични објави

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо
Се вчитува....