18.8 C
Скопје
14:43 - 11 март, 2026

Претседателот Пендаровски и неговата сопруга Елизабета со беспрекорен моден избор на „Браќа Манаки“

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета присуствуваа на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Пендаровски на својот фејсбук-профил објави неколку фотографии од манифестацијата. Како и секогаш  првата дама на Македонија ги воодушеви присутните со својот беспрекорен моден избор.

 

 

„По 43. пат Интернационалниот фестивал на филмска камера International Cinematographers’ Film Festival MANAKI BROTHERS пречекува домашни и странски кинематографери, филмски работници, уметници и автори кои со својата креативност и уметнички дух им го пренесуваат оригиналниот филмски свет на вљубениците во филмот.
Преку годинешната тематска одредница „Реалноста не е доволна!“ фестивалот „Браќа Манаки“ ни нуди две реалности. Првата содржи општоприфатени вистини и факти, а втората, протолкувана низ сензибилитетот на уметноста и диоптријата на камерата, додава нови перспективи во нашите животи, нашите мисли и чувства и во нашите меѓучовечки интеракции во заедницата. Преку двете реалности ни се дава можност да го разбереме светот околу нас и да се разбереме себеси во тој свет.“, напиша Пендаровски.

May be an image of 1 person, crowd and indoor

Слични објави

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin

(Фото) Порасна ќерката на Александар Белов, малата Мина е вистинска убавица

msp-admin

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova
Се вчитува....