05:16 - 4 април, 2026

Пораснал во беда, а сега зема по 20.000 евра бакшиш: Мухарем Сербезовски имал тешко детство во Шутка!

Мухарем Сербезовски, пејач, композитор, писател, преведувач и магистер по право, минатата година одбележа 50 години кариера. Постигнал голем успех, но малкумина знаат дека пораснал во беда.

Тој пораснал во скопската населба Шутка, во Скопје, во единаесетчлено семејство.

„Детството ми е поврзано со сиромаштија. Бевме девет деца – шест сестри и три браќа. Спиевме во една соба како сардини. Кој ќе стигне прв на јадење, тој ќе јаде. Имаше денови кога навистина бевме гладни. Детството ми остави голем траг. Постојано се прашував дали ќе излезам од таа беда. Се’ ми недостигаше. На 12 години првпат пробав чоколадо и млеко. Но, кај нас и гладот и ситоста се прифаќаа со насмевка“, раскажа Мухарем.

„Родителите ми беа горди и покрај бедата. Татко ми беше учител, мајка ми чистачка по богати куќи. Тој нè тераше да учиме. Водеше живот според реченицата: „Човекот е создаден за да се труди“. Имав сите петки. Бев фино дете, далеку од проблеми. Родителите беа горди на мене.

Инаку, Сербезовски лани беше на операција во Турција, каде пеел и на операционата маса.

„Сега сум одлично. Бев два месеци во Турција. Каде и да одам, 12 луѓе ме следат и ми бараат да им пеам. И во болница беше така“, се сеќава тој.

Познат е како еден од најбараните пејачи за приватни прослави. За една песна, „Зашто су ти косе побелеле, друже“, еднаш добил 20.000 евра.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....