24.8 C
Скопје
14:29 - 12 септември, 2026

Почина Вељко Булајиќ, режисерот на „Битката на Неретва“.

Почина Вељко Булајиќ, еден од најголемите филмски режисери од нашите простори, кој трајно ја обликуваше југословенската и хрватската кинематографија.

Веста за смртта за Вечерњи лист ја потврдија членови на семејството.

Роден е во селото Вилуси, на половина пат меѓу Требиње и Никшиќ, на 22 март. Од 1928 година живеел во Сараево со родителите, таткото Миљко и мајката Љубица и браќата Јорѓе и Стеван до избувнувањето на Втората светска војна, а потоа се враќаат во родното Вилуси и веќе на 13 јули 1941 година се приклучуваат на „ востаниците“ кои се бореле против „окупаторите и народните предавници“. Најстариот брат Ѓорѓе загинал во војната, а Стеван и Вељко преживеале, иако и тие биле ранети, пренесува Вечерњи лист.

Булајиќ завршил средно училиште во Сараево. По војната нашол место во Домот на ЈНА во Загреб, каде се дружел со помлади повоени интелектуалци. Потоа се заинтересирал за кинематографија, се запишал на филмска режија во Чентро спериментале во Рим. Дипломирал во 1959 година, им помагал на големи режисери како Федерико Фелини и Виторио Де Сика и потоа се вратил во поранешна Југославија.

Својата режисерска кариера ја започнал со два кратки филма: Камен и море и Бродот скитник (1953). Својот прв долгометражен филм „Воз без возен ред“ (за повоените миграции на населението) го снимил во 1959 година. Делото е наградено со две Златни арени и со наградите Славица и Јелен во Пула, како и со наградата Град Загреб. Потоа следува филмот „Војна“ (1960), визија за воената катастрофа, награден со Златна и Сребрена Арена во Пула. Булајиќ постигна голем успех со филмот Узаврели град (1961), со кој ја освои и Златната арена во Пула.

Добитник е на Златниот лав во Венеција, Златната нимфа во Монте Карло, наградите за режија во Сан Себастијан и Њу Делхи, Златниот медал на Меѓународниот филмски фестивал во Москва, меѓународната награда на критичарите на Цидалк, наградата Златен клас за најдобар филм и други.  Тој беше награден со неколку Златни арени на филмскиот фестивал во Пула за најдобри филмови и најдобар режисер, а Американската академија на науките и уметностите го номинираше неговиот филм „Битката на Неретва“ за Оскар.

Слични објави

Теодора Џехверовиќ купи луксузен стан од 400.000 евра, па ѝ го изнајми на колешка: „Се договоревме за пет минути“

Е.А.

(Фото) Љупка Митрова разменува бакнежи со сопругот на Малдиви: „Си го сликам телото затоа што си го сакам“

Еспресо

(Фото) Николија шокираше со својот изглед – позираше со кратка црна коса и доколенки

Еспресо

(Фото) Ленче Кукиќ како невеста плени со убавината, а Горан со стајлингот потсетува на Елвис Присли

Еспресо

Шокантен потег на Душко Тошиќ! Ѝ пееше на Карлеуша, а сега ја изостави од сите фотографии на Инстаграм

Еспресо

(Фото) „Таа секогаш ќе биде моето прво дете“: Елена Ристеска за посебната врска со внуката Делфина

Еспресо
Се вчитува....