7.8 C
Скопје
01:35 - 5 февруари, 2026

Почина сопругата на Џон Траволта: Кели Престон ја изгуби битката

Глумицата Кели Престон почина на 58-годишна возраст од рак на дојката. Тажната вест на Инстаграм ја потврди нејзиниот сопруг Џон Траволта.

EPA/WARREN TODA

„Со скршено срце ви јавувам дека мојата преубава сопруга Кели ја изгуби двегодишната битка со ракот на дојката. Храбро се бореше со љубов и поддршка од многумина. Љубовта на Кели никогаш нема да ја заборавиме. Ќе поминам некое време со нашите деца кои останаа без мајка им, па простете ми ако извесно време не слушнете ништо за нас. Знајте дека ја чувствувам вашата љубов во неделите и месеците пред нас, додека се обидуваме да ги залечиме нашите рани“, напиша Траволта.

EPA/CJ GUNTHER

Кели Престон ја помниме најмногу по улогите во филмовите „Близнаци“ и „Џери Мекгваер“, а последниот филм што го сними е „Последната песна“ со Мајлио Сајрус.

Кели и Џон се венчаа во 1991 година и имаат две деца – ќерката Ела (20) и синот Бенјамин (9). Нивниот најстар син Чет почина во 2009 година.

EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Слични објави

Едита шокираше со објава на социјалните мрежи: Пие пиво и им порачува на хејтерите – „Не ми држете предавања“

Е.А.

Еве каде ќе живее Милица Тодоровиќ со синот: Луксузен стан, квадратен метар чини и до 5.000 евра!

Еспресо

„Ќе ти ги скршам сите вештачки заби“: Мина Костиќ и Каспер добиваат страшни закани

Е.А.

„Да ми палат свеќи затоа што им ги спасив браковите!“: Јована Јеремиќ откри детали од приватниот живот

Еспресо

Прво огласување на Милица Тодоровиќ по породувањето

Е.А.

(Видео) Маја Оџаклиевска се повлече од сцената за да се грижи за внукот, но сега повторно запеа

Еспресо
Се вчитува....