14:22 - 20 март, 2026

Почина режисерот Мика Алексиќ, обвинет за сексуално злоставување ученички

Српскиот режисер Мирослав Мика Алексиќ почина на 18 јануари во Белград, на 73-годишна возраст.

Во изминатите години против Алексиќ се водеше кривична постапка поради сомнение за сексуално злоставување на ученички во неговата школа за глума, случај што предизвика силни реакции во јавноста. Поради смртта на обвинетиот, судската постапка остана без пресуда.

Судењата во последниот период беа одложувани поради неговата сериозно нарушена здравствена состојба. Неговиот бранител претходно соопшти дека здравјето му се влошило до таа мера што не бил во состојба ниту да дава исказ, а комуникацијата со адвокатите се одвивала преку неговата сопруга. Во ноември 2025 година, судењето беше одложено на неодредено време.

Кривичната постапка беше покрената откако актерката Милена Радуловиќ јавно го пријави за сексуално злоставување, по што истото го направи и нејзината колешка Ива Илинчиќ, а подоцна се јавија и други девојки. Алексиќ беше уапсен во јануари 2021 година и околу осум месеци помина во притвор, по што му беше определен куќен притвор со електронски надзор. Во март 2022 година таа мерка беше укината и тој се бранеше од слобода.

Мирослав Мика Алексиќ е роден на 5 февруари 1952 година во Белград. Дипломирал филмска режија на Факултетот за драмски уметности и долги години работел како режисер и педагог. Беше уметнички раководител на Драмското студио на Радио-телевизија Србија и автор на бројни телевизиски, радио и филмски проекти, а важеше и за еден од највлијателните драмски педагози во Србија.

Слични објави

„Лаже!“: Карлеуша жестоко ѝ одговори на Рада Манојловиќ

Еспресо

(Фото) Српскиот фолк пејач има стан од 300.000 евра во Доминиканската Република, објавен е важен американски документ: Со години користел лажно име

Еспресо

Ана Николиќ прави хаос во хотел во Белград, вика на цел глас: Персоналот очаен поради нејзиното однесување

Еспресо

Бремената Едита Арадиновиќ се огласи и замоли за помош: „Опасно се разболев…“

Еспресо

(Фото) Петар Грашо наполни 50 години: Погледнете кои ѕвезди биле на роденденската забава на пејачот

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....