13.8 C
Скопје
18:07 - 16 март, 2026

Почина легендарниот комичар Тери Џонс од „Монти Пајтон“

Ѕвездата на „Летечкиот циркус Монти Пајтон“, легендарниот Тери Џонс, почина на 77 години, соопшти неговот агент за медиумите.

На комичарот на легендарната британска трупа во 2016 година му беше дијагностициран потежок облик на деменција, која влијаеше на неговата способност за комуницирање, поради што повеќе не беше способен да дава интервјуа.

Џонс беше еден од основачите на хумористичната група „Монти Пајтон“, која засекогаш го промени светот на комедијата кога дебитираше на Би-Би-Си во 1969 година.

Роден во 1942 во Колвин Беј, Велс, Џонс студирал англиска книжевност кога го запознал Мајкл Пејлин, со кого потоа почнал да пишува сценарија и да настапува во низа ТВ-серии.

Заедно со Џон Клиз, Грем Чепмен, Ерик Ајдл и Тери Гилијам, тие во 1969 ја формираа групата „Монти Пајтон“, чиј „Летечки циркус“ се емитуваше до 1974 година.

Продолжувајќи ја соработката со членовите на групата, Џонс потоа ги режираше филмовите „Монти Пајтон и Светиот грал“, „Житието на Брајан“ и „Смислата на животот“.

Освен во светот на филмот, Џонс се проба и во книжевноста, па исто така беше автор на книга за средновековната историја и бројниот систем низ историја.

Слични објави

(Видео) Рале не се откажува од лошите навики, пред операцијата на срцето „уловен“ како пуши и наздравува со алкохол

Еспресо

Ксенија Пајчин му го посветила својот најголем хит на фудбалерот со кого тајно се гледала: Во љубовта сум страсна, не сум посесивна, ниту романтична, и не сум љубоморна!

Еспресо

Стјуардесите откриваат пет работи што никогаш не треба да ги нарачувате во авион

Еспресо

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

apostolova

„Тоа беше нејзината одмазда“: Пејач останал сам во шума поради Лепа Брена, го оставиле таму по лет со хеликоптер

Еспресо

„Се тепаа во сепарето“: Што се случувало 24 часа пред убиството на Ксенија Пајчин?

Еспресо
Се вчитува....