24.5 C
Скопје
22:03 - 31 јули, 2026

Почина хрватската манекенка Луси Марковиќ на 27 години: Се бореше со тешка болест

Модниот свет тагува за смртта на хрватско-австралиската манекенка Луси Марковиќ, која почина на 27-годишна возраст по долгогодишна борба со тешката болест, пишува „Сиднеј морнинг хералд“.

Марковиќ починала во текот на ноќта по серија операции за лекување на артериовенската малформација (АВМ) во мозокот – состојба во која заплетканите, абнормални крвни садови може да пукнат и да го оштетат мозочното ткиво.

„Беше во мир. Јас, нејзината мајка и мајка ми бевме со неа… Нека Луси почива во мир“, напишала рано утрово на Инстаграм нејзината партнерка Каро, која редовно ги известувала своите следбеници за нејзината состојба.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @lucymarkovicc


Луси е родена и израсната во Австралија, но е горда на своите хрватски корени, кои сакаше да ги истакнува во многу прилики на социјалните мрежи, а нејзината кариера беше во нагорна линија откако заврши на второто место во реалното шоу „Следниот топ модел на Австралија“ (Australia’s Next Top Model) во 2015 година, на само 16 години. Оттогаш, таа носела ревии за некои од најпознатите дизајнерски куќи, како што се „Версаче“ и „Живанши“, и ги красела насловните страници на бројни светски модни списанија. Таа се појави и во кампањата на Викторија Бекам.

Откако беше потврдена нејзината смрт, њујоршкиот Elite Model Management ѝ оддаде почит преку соопштение, нарекувајќи ја „брилијантна ѕвезда“ со „неверојатна смисла за хумор“.

„Нејзината насмевка и смеење можеа да осветлат соба“, се вели во соопштението.

„Таа сакаше да танцува, а тогаш особено блескаше. Мнекенството беше еден од соништата на Луси и ние сме почестени што бевме дел од нејзиното патување… Таа внесе елеганција, сила и убавина во својата работа. Но, повеќе од сè, таа се донесе себеси – нејзината топлина, нејзината смеа, нејзината светлина. На нејзиното семејство и пријателите, знајте дека сте во нашите молитви и мисли. Со вас сме и никогаш нема да ја заборавиме“, се наведува.

И Донатела Версаче се огласи и се прости од Луси.

„Тажна сум поради веста за Луси Марковиќ. Почивај во мир, убавице“, напиша на Инстаграм италијанската дизајнерка Донатела Версаче.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @lucymarkovicc


Марковиќ изгради успешна манекенска кариера во странство, а се претпоставува дека на почетокот на оваа година се вратила на лекување во Австралија. Марковиќ на 6 март ја објави својата последна порака на социјалните мрежи во која потврди дека на 2 април ќе оди на операција на АВМ во задниот дел на мозокот.

Слични објави

Дарко Лазиќ демантира дека бил исфрлен од клуб: „Пеев час и половина, а не ми платија“

Еспресо

Теодора Џехверовиќ отворено за конфликтот со колешката Ема Радујко: „Не толерирам непочитување“

Еспресо

Дара Бубамара полека го воведува партнерот во светот на естрадата

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од Дea Ѓурѓевиќ од породилиштето: Водителката блеска само два часа по породувањето

Еспресо

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

Северина ja објави една од најемотивните песни во кариерата

Е.А.
Се вчитува....