13.8 C
Скопје
13:09 - 28 октомври, 2026

ПОЧИНА ХИТ ФРИМЕН ОД „BONES“: Животот на младиот актер згасна на 41-годишна возраст

Хит Фримен, добро познат по улогата на негативецот Хауард Епс во хит-серијата на „Fox“,  „Bones“, трагично почина на 41-годишна возраст.

41-годишниот актер, исто така, имаше ангажмани во „NCIS“, „ER“, а и во претстојниот филм, „Devil’s Fruit“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RAFTERMAN MEDIA (@rafterman.media)


Неговиот менаџер, Џо С. Монтифиоре, ја потврди неговата смрт со изјава за медиумите.

„Навистина сме уништени од загубата на нашиот сакан Хит Фримен. Брилијантно човечко суштество со интензивен и душевен дух, ни остава неизбришлив отпечаток во нашите срца. Неговиот живот беше исполнет со длабока лојалност, наклонетост и дарежливост кон неговото семејство и пријателите, како и со извонреден жар за живот“.

„Тој беше исклучително горд на неговата неодамнешна филмска работа и беше многу возбуден за следното поглавје од неговата кариера“, продолжи изјавата. „Неговото извонредно наследство како син, брат, вујко, пријател, извонредно надарен актер и продуцент, совршен готвач и човек со најзаразна и најспектакуларна смеа, ќе живее засекогаш. Нека неговиот спомен е благослов за сите што го познаваа и го сакаа“

Фримен треба да се појави во „Terror on the Prairie“, филм кој неодамна го заврши и ќе ја има својата премиера следната година, и „Devil’s Fruit“, кој е во постпродукција.

Слични објави

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

Дневен хороскоп за 28 октомври: Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....