Актерот Џејмс Мајкл Тајлер, познат по ликот на Гантер во култната серија „Пријатели“ почина во неделата наутро по долго боледување од рак на простата на само 59 годишна возраст.
Актерот, кој беше дијагностициран со напредна фаза на овој тип на канцер во септември 2018, починал во својот дом во Лос Анџелес.
View this post on Instagram
„Светот го познаваше како седмиот „пријател“ од хит серијата „Пријатели“ , ни блиските на Мајкл го познаваа како актер, музичар, адвокат за ракот и сакан сопруг. Тој сакаше жива музика, навивање за неговите „Clemson Tigers“, и често знаеше да се најде себеси на сред забавата или непланирани авантури. Ако еднаш сте го запознале, сте добиле доживотен пријател“, изјави неговото семејство.
View this post on Instagram
За здравствената состојба на Џејмс се дозна на почетокот на оваа година, по неговото појавување на „Friend’s Reunion“, документарното интервју за култната серија 17 години откако заврши со емитување, каде актерот се појави со видео поздравување иако нестрпливо се очекуваше да го видиме во „Central Perk“ повторно.
View this post on Instagram
Тој подоцна се изјасни за причината зошто не се појави покрај останатите актери, изјавувајќи дека не сака да биде оној кој ќе го уништи расположението во така важен и специјален момент.
View this post on Instagram
Канцерот му бил откриен во 2018 година, но тој ја чуваше информацијата 3 години.
Покрај серијата „Пријатели“ Џејмс глумеше и во неколку други познати американски серии како „Sabrina the Teenage Witch“, „Scrubs“, „Modern Music“, „Just Shoot Me!“ и ред други…
View this post on Instagram
Како шанкерот во „Central Perk“ се појавува во 150 епизоди од серијата „Пријатели“ во периодот од десетте години на нејзино емитување.
View this post on Instagram
Збогум Гантер, почивај во мир.