10:42 - 13 ноември, 2026

Почина братот на Ханка Палдум: Пејачката скршена од болка се збогуваше со него со потресни зборови

Пејачката Ханка Палдум го загуби својот брат, а за тоа ја извести јавноста преку социјалните мрежи.

Следбениците на босанскохерцеговската пејачка ѝ изразија искрено сочувство преку пораки.

Според нејзината објава, Мустафа починал вчера, а закопот, според муслиманските обичаи, ќе се одржи во среда, на 12 март.

„Драг мој брат Мустафа“, напиша таа во објавата, покрај која стоеше скршено срце и раце во молитва, како и објавен некролог.

Мустафа почина на 77-годишна возраст. Ханка потекнува од семејство во кое имала уште тројца браќа и две сестри. До денес, таа ги загуби двајцата браќа.

Пејачката се соочи со голема трагедија кога нејзиниот брат Смаил во 2007 година заболел од рак на белите дробови и починал. Тој бил заслужен за нејзините музички почетоци.

Ханка Палдум неодамна се огласи и по повод смртта на Саша Поповиќ, кој почина на 1 март по тешка болест, а таа го прими тоа многу тешко.

„Веста дека нè напушти Саша Поповиќ внесе тага во срцата на сите што успешно соработуваа со овој голем „маг“ на естрадната музичка сцена. Со искрени желби да почива во Божји мир, изразувам сочувство во болката на неговото семејство, неговиот тим и соработниците. Со почит, Ханка Палдум“, напиша пејачката во претходната објава.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....