Лепа Брена, на прагот на својата 7. деценија, покажува беспрекорна фигура благодарение на здравата исхрана. Нејзината диета вклучува балансирани оброци со јајца, супи, месо, зеленчук и риба.
Балканската дива открила дека се борела со вишок килограми, но со помош на здравата исхрана, која ја практикува веќе неколку години, успеала да ослабе.
„Наутро обично јадев едно или две јајца. Гледав да бидат органски јајца. За ручек обично имав посна супа без маснотии и тестенини. Всушност, тоа беше вода во која се вареше само зеленчук, а не се готвеше до бесвест за да не се изгубат витамините. Секако, тука имаше и месо, кое беше на скара или варено. За вечера јадев парче риба или месо, со салата“ раскажала Брена за својата диета.
План за исхрана на Лепа Брена
Ден 1
Појадок: Мусли од овесни снегулки, бадеми и свежо овошје.
Ручек: Риба на скара и зеленчук на пареа.
Вечера: Потажа, супа или голема чинија со младо сирење.
Ден 2
Појадок: Салата и 2 варени јајца.
За салатата потребно е: 1 шолја зелка, ½ шолја морков, ½ шолја цвекло, 1 лажица масло.
Подготовка: Измешајте ги состојките и прелијте ги со масло.
Ручек: Чинија потажа од зеленчук, 200 гр риба на скара, свежа салата по избор.
Вечера: Салата.
Потребно е: 1 морков, 1 краставица, 1 шолја црвена зелка, ½ праз, 1 шолја зелена салата, рукола, млад спанаќ, 1,5 лажица масло, ½ лажица сок од лимон, 150 гр пилешко на скара / конзерва туна, шолја јогурт.
Подготовка: Исечете ги состојките, измешајте ги и уживајте во здравиот оброк.
Ден 3
Појадок: Омлет со брокула и сирење.
Ручек: Чинија потаж од зеленчук, 150 гр бифтек на скара, свежа салата од зеленчук.
Вечера: Медитеранска салата со туна.
Ден 4
Појадок: Омлет и салата.
Ручек: Чинија потаж, 200 гр бело месо на скара, свежа салата од зеленчук.
Вечера: Цезар салата.
Ден 5
Појадок: Мафини со пиперка, печурки и јајца.
Ручек: Чинија потаж од зеленчук, 200 гр риба на скара, свежа салата од зеленчук.
Вечера: Сезонска витаминска салата со коцки месо.
