18:04 - 8 април, 2026

План за бегство: Бекамови бараат дозвола да направат подземен тунел!

Популарниот брачен пар Дејвид и Викторија Бекам сака да направи подземен тунел, кој би ја поврзувал спалната соба до нивната гаража со луксузни автомобили. На овој начин би имале „план за бегство“ доколку им биде загрозена безбедноста.


Освен тоа, тие го замолиле и општинскиот совет да им обезбеди „сигурносна колиба“, односно место каде би можеле да се сокријат откако ќе побегнат. Куќата на Бекамови која е нивното „карантинско засолниште“, вредна е 8 милиони долари. Во склоп на истата се наоѓаат тениски терен, куќа на дрво и базен.

Profimedia

„Предложениот проект вклучува тунел кој би бил изграден под куќата и би ги поврзувал спалната и гаражата“, пишуваат странските медиуми.

Во последно време се случиле неколку грабежи во куќи на познатите личности, а најпознат е случајот кога фудбалерот Деле Али бил ограбен под закана со нож во северен Лондон, па можеби и е разумно што семејството Бекам се грижи за безбедноста.

Слични објави

Вистинскиот пар чевли прави разлика: Дојдете во Chantel, затоа што секој чекор заслужува да биде забележан

Еспресо

Нина Ѓогани за ужасното насилство што го доживеала: „Ме тепаа и ме навредуваа“

Еспресо

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Јанг Дади се отвори за тешкиот период: Ме игнорираа

msp-admin

(Фото) Жељко Бебек прослави 24 години брак со својата 34 години помлада сопруга: „Тоа нешто наше“

Еспресо

На Здравко Чолиќ ќе му врачат димпломатски пасош на Босна и Херцеговина

Еспресо
Се вчитува....