-2.2 C
Скопје
23:10 - 17 декември, 2025

„Пиев антидепресиви и бев ментално уништена“: Луна Ѓогани за јавниот линч, врската со Слоба и пеколот што го преживеала

Инфлуенсерката и поранешна учесничка во реалното шоу „Задруга“, Луна Ѓогани, стана централна тема во регионот кога во првата сезона на шоуто започна љубовна врска со оженетиот пејач Слоба Радановиќ. Таа ретко се навраќа на тој период од животот, кој и денес ѝ носи болни сеќавања. Денес е исполнета сопруга и мајка на две прекрасни ќерки, но по долго молчење, Луна реши искрено да прозборува за сè што ја снајде – и во шоуто и по неговото завршување.

Во интервју за „Adria TV“, таа открива колку тежок бил периодот по „Задруга“, особено поради нападите и пораките што ги добивала од поддржувачите на тогашната сопруга на Слоба, Кија Коцкар. За првпат отворено зборува за психолошката тортура и за тоа како, чекор по чекор, излегла од темнината што ѝ се насобрала.

– Таму не пиев лекови, но откако излегов – почнав. Таму добивав лекови за смирување само кога имав силни панични напади. Срцето ми чукаше пребрзо, нагло ослабев, изгубив над 10 килограми, добивав инфузии, паѓав во несвест, не можев ништо да јадам – раскажа Луна.

– Кога излегов од „Задруга“, бев ментално уништена. Имав големи трауми, не можев да заспијам, рацете ми се тресеа, а од стресот едното око почна да ми бега во страна. Побарав стручна помош, отидов кај психијатар и два месеца, пред да влезам во втората сезона, пиев антидепресиви – само така успеав да излезам од мракот. Доживеав ужасен јавен линч – вели таа.

Во втората сезона на „Задруга“, Луна започна врска со својот сегашен сопруг Марко Миљковиќ. Денес се среќно венчани и родители на Миа и Лана. На Instagram, Луна неодамна сподели емотивна порака посветена на својот партнер:

– Мојот партнер го виде целото мое тело и душа. Ме виде без шминка, ме виде додека плачев, го виде мојот грд смеј. Ме виде со разчешлана коса, неокупана, ги запозна и најчудните делови од мојата личност. Ги виде моите стрии и сите мои несовршености.

– Го виде и моето најлошо однесување, но сепак остана покрај мене и ме сака колку што може. Во оваа генерација да имаш таков партнер е најголемиот благослов од Бог – напиша Луна.

Низ искуството на Луна Ѓогани се гледа суровоста на јавниот притисок и ранливоста на оние што, иако пред камерите, остануваат само луѓе – со чувства, трауми и потреба за љубов и разбирање. Денес, таа сведочи дека е можно да се излезе од дното и да се изгради нов живот, ако се бара и прифати помош, и ако се има некој што ќе остане – дури и кога сме најранливи.

Слични објави

„Мојта прва сопруга е преубава, а никој не пишува за неа“: Ова е поранешната сопруга на Данило Икодиновиќ 

E.A.

„Срцето ми беше полно што е тука“: Саша Ковачевиќ ја поканил поранешната девојка на концерт иако не ја видел одамна

E.A.

(Фото) Ова е единствената фотографија од првата жена на Раде Шербеџија: Во песна признал дека е виновен за крахот на бракот со Иванка

E.A.

Нада Топчагиќ искрено проговори за изгледот на колешката Вера Матовиќ: „Направила убави операции, но не може да ги скрие годините“

apostolova

Сексуално ги вознемирувал колешките под дејство на дрога: Хрватски режисер трајно исфрлен од Друштвото на хрватски филмски режисери

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ ја покажа својата ќерка: По концертот на Саша Ковачевиќ, директно кај својата миленичка

Еспресо
Се вчитува....