8.8 C
Скопје
11:37 - 1 април, 2026

Пет години од смртта на Дијана Милојковиќ: Нејзината натчовечка борба со тешката болест го сплоти Балканот

Српската мисица Дијана Милојковиќ почина на денешен ден во 2019 година, по тешка битка со ракот.

Семејството и пријателите денеска ќе се соберат на гробиштата, каде што ќе се одржи петгодишен помен.

„Петгодишен спомен на нашата драга и сакана Дијана Милојковиќ. Во понеделник, 22.7.2024 година, во 11 часот на гробиштата во Ќуприја“, соопштија членовите на семејството и додадоа:

„Драг ангелу, вечен е споменот за радоста што ни ја подари. Нека нашата љубов те придружува во тишината на вечниот мир. Те сакаме со сета наша душа засекогаш, твоите најмили“.

Трогателната порака ја сподели и пријателката на Дијана, Рада Манојловиќ.

„Секогаш си во нашите мисли и во мислите на сите што те сакаа, а ги има многу. Почнувајќи од вашето семејство и целиот Балкан, на кого му беше пример и инспирација. Денеска е денот кога се сеќаваме на твојата голема, натчовечка борба за живот. Засекогаш во нашите мисли, ти беше и остана лавица“, напиша Рада Манојловиќ во објава на Инстаграм.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....