14:30 - 12 ноември, 2026

Никол Кидман даде редок коментар за Том Круз: „Живеевме во приколка, бевме многу блиски“

никол кидман

Том и Никол официјално се разведоа во 2001 година, а беа во брак 11 години. Поранешниот пар има две возрасни деца: ќерката Изабела и синот Конор.

Американската актерка со австралиско потекло Никол Кидман ретко зборува за својот поранешен сопруг Том Круз (62), но сега, во интервју за Лос Анџелес Тајмс сподели спомени од работата со него на снимање на филм на Стенли Кјубрик од 1999 година „Очи ширум затворени“. Во филмот таа и Том ги играат главните улоги.

принтскрин

Пред 25-годишнината од легендарниот филм, Никол Кидман откри дека Том и Стенли поминувале многу време заедно пред да започне снимањето.

Филмот се снимаше речиси две години, а Никол изјави дека сето тоа време го поминала со Том во приколка која била импровизирано студио направено за снимањето на филмот.

„Се навикнувавме еден на друг. Том и јас бевме прилично блиски и удобно се чувствувавме заедно. Имавме куќа оддалечена на 10 минути, но живеевме во оваа приколка. Том и јас бевме во иста приколка, зашто Стенли јасно ни рече: „Не добивате по една приколка за секој од вас, туку една, заедничка. Не можеме да си дозволиме две приколки“, објасни Кидман.

На прашањето на новинарите дали Кјубрик црпел инспирација за филмот од нејзиниот брак со Круз, Никол одговори:

„Претпоставувам дека го направи тоа. Имаше идеи кои го интересираа поврзани за нас. Ни поставуваше многу прашања“.

Том и Никол официјално се разведоа во 2001 година, откако беа во брак 11 години. Поранешниот пар има две деца: Изабела (30) и Конор (28). Никол се омажи за пејачот Кит Урбан во 2006 година и од тој брак има две ќерки: Роуз (14) и Фејт (12).

Слични објави

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.
Се вчитува....