7.8 C
Скопје
19:36 - 10 март, 2026

Откриено со што се занимава постарата ќерка на Чола: Татко ѝ ѝ платил приватно училиште 50.000 евра и има личен возач

Многумина се прашуваат со што се занимава постарата ќерка на Здравко Чолиќ – Уна Чолиќ, но таа всушност сè уште е студентка.

Убавата наследничка на една од најголемите музички ѕвезди на Балканот учела во приватна гимназија на Кошутњак, за која Чолиќ издвоил дури 50.000 евра. Додека не положила возачки испит, Уна имала и личен возач.

Некое време во медиумите се пишуваше дека студира економија, а се шпекулираше и дека ја интересира информатиката. Но едно е сигурно – музичката дарба ја заобиколила, па ниту таа, ниту нејзината помлада сестра Лара, веројатно нема да тргнат по стапките на својот познат татко.

Фото: Инстаграм/Уна Чолиќ

Да било поинаку, нема сомнеж дека гордиот татко би ѝ помогнал на својата миленичка да се пробие на естрадата и самата да стане ѕвезда.

Засега, постарата ќерка на Здравко Чолиќ ужива во привилегиите што ги носат славата и талентот на нејзиниот татко. Често е гостинка на јавни настани, многу патува, а атрактивни фотографии од егзотични дестинации редовно објавува на социјалните мрежи, каде што има голема популарност.

Само на Инстаграм моментално брои речиси 50.000 следбеници, кои секојдневно ги „почестува“ со моменти од својот приватен живот.

Слични објави

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Астро совети за секој хороскопски знак: Како најдобро да ја искористите енергијата на ѕвездите

Еспресо
Се вчитува....