18:23 - 4 април, 2026

Откако го обвинија дека поддржува геноцид: Милош Биковиќ нема да глуми во серијата „Белиот лотос“

Српскиот актер Милош Биковиќ нема да глуми во третата сезона на „Белиот лотос“ („The White Lotus“), а оваа одлука ја донесоа продуцентите на серијата.

„Решивме да ја прекинеме соработката со Милош Биковиќ и улогата ќе му биде доделена на друг актер“, изјави портпаролот на „Ејџ-би-о“, а пренесе „Варајети“.

По донесената одлука, Биковиќ се огласи на социјалните медиуми.

„Пораснав во земја разурната од војна. Кога имав 11 години, деновите и ноќите ги поминував во засолниште, додека мојата земја и мојот роден град беа бомбардирани, никогаш никому не би посакал таков пустош.

Секој ден има сѐ повеќе конфликти низ целиот свет. Секој од нив е различен. И секој еден од нив е страшен. Посакувам сите да престанат и да преовлада принципот на љубовта. Денеска против мене се води таргетирана кампања која преку надворешно влијание создава сериозен преседан, фрлајќи сенка врз суштината на уметничката слобода. Резултатот од таквиот наратив е триумфот на глупостите и поразот на уметноста.

Чест ми е што сум избран да бидам дел од Белиот лотос, телевизиска серија која ја почитувам и колегите кон кои имам најголема почит. Но, моето учество во неа не е возможно од причини надвор од доменот на културата и нема да се поклонувам на наратив кој го загрозува мојот интегритет. Сакам да им се заблагодарам на сите што беа со мене, а на колегите им посакувам голем успех во новата сезона. И покрај сѐ, сепак верувам дека уметноста лечи и може да го обедини човештвото. Затоа, моите убедувања и мојата посветеност на уметноста ќе останат непроменети“, се вели во реакцијата на Биковиќ.

Слични објави

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо
Се вчитува....