11:35 - 31 март, 2026

„Ослабнав 35 килограми и поминав низ пекол“: Инди откри дека за малку ќе умрела обидувајќи се да го смени изгледот

Фолк пејачката Индира Арадиновиќ – Инди, пред три години се подложи на операција на желудникот, но наместо посакуваниот резултат веднаш, таа помина низ вистински здравствен пекол.

По две тешки операции во рок од само две недели, Инди останала без слезина, а панкреасот ѝ бил оштетен.

„Живеам со последици, но сум благодарна што сум жива“, признала пејачката, која тогаш цел месец лекарите ја спасувале од сигурна смрт.

Иако се соочила со сериозни компликации и мора до крајот на животот да прима инјекции, Инди вели дека не се кае.

– Ослабнав 35 килограми, но поминав низ пекол. Лекарите ми се бореа за живот. Никогаш повеќе нема да бидам целосно здрава, како пред операцијата – искрено изјави таа.

Денес, со упорни тренинзи и здрава исхрана, пејачката ја одржува својата фигура. Од одморот во Улцињ таа сподели фотографии во костим за капење, покажувајќи дека по сите маки повторно зрачи со самодоверба и гордо ги истакнува тетоважите.

Инаку, Инди неодамна наполни 39 години и, иако зад себе има тешко искуство, денес добива бројни комплименти за изгледот.

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....