5.8 C
Скопје
22:08 - 12 март, 2026

Орландо Блум ја „спушти“ Кети Пери по раскинувањето: „Сега си барам партнерка со пари и со стил“

Instagram

По долгогодишната врска со Кети Пери, која често беше во фокусот на јавноста, Орландо Блум врти нова страница во својот љубовен живот. Актерот во последните месеци се повлече во помирен ритам, но неодамна, преку една опуштена објава на социјалните мрежи, даде навестување како денес гледа на љубовта.

Имено, Орландо учествуваше во Тикток видео за The People Gallery, каде одговараше на брзи прашања. Едно од нив гласеше дали би избрал партнерка со стил или со пари – а неговиот одговор изненади многумина.

@thepeoplegallery Street Style with Orlando Bloom #newyorkstreetstyle #orlandobloom #ootd #prada #thepeoplegallery ♬ original sound – The People Gallery

„И двете“, се пошегува Блум.

Потоа додаде дека мора да избере едно, со што даде до знаење дека денес знае што сака, но дека не го изгубил чувството за хумор.

Актерот призна и дека периодот по раскинувањето му донел време за лична рефлексија. Во истиот разговор сподели и совет за сите кои минуваат низ емоционално тежок период, нагласувајќи ја важноста на движењето, рутината и фокусот на сопственото тело и секојдневните активности.

Иако ниту Блум ниту Пери јавно не навлегуваа во причините за раскинувањето, пејачката во својата нова песна „Bandaids“ даде навестување за тоа како емотивно го доживеала крајот на нивната врска.

„Навикната сум да ме изневеруваш / Нема смисла сега да праќаш цвеќе“, пее Пери во песната, додавајќи: „Си велам дека ќе се смениш, но нема / Фластери врз скршено срце“.

И покрај сè, Орландо Блум претходно истакна дека меѓу нив нема лоши чувства и дека двајцата се целосно посветени на заедничкото родителство. Во септември, во емисијата „Today“, тој изјави дека работата му помогнала да ја задржи рамнотежата и оптимизмот, нагласувајќи дека е благодарен за сè што има.

„Одлично сум. Навистина сум благодарен. Имаме прекрасна ќерка“, изјави тогаш Блум.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....