09:17 - 13 ноември, 2026

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Водителот Огњен Амиџиќ отворено зборуваше за актуелните теми од естрадата и за својот приватен живот.

Амиџиќ објасни како се снаоѓа во улогата на „водич на продукцијата“ во „Пинкови ѕвезди“ и додаде дека го очекуваат уште поголеми одговорности:

– Па добро, знаеш што, имаме уште разни идеи кои можеби сега не стигнавме да ги реализираме. Таа моја улога треба да стане уште поголема и поодговорна, така што засега, во ова што го имам, мислам дека се снаоѓам добро. Ова е фаза кога сме тука да пресечеме во одредени моменти кога ќе запне, но ќе видиме дали на крајот ќе преземеме поголема одговорност.

На прашањето за честите конфликти во жирито, особено меѓу Јелена Карлеуша и Десингерица, Огњен рече:

– Тие се навистина одлични, секој поединечно е добар во тоа што го прави и многу добро знаат да зборуваат, искусни се за вакви формати. За Десингерица ова е прв ваков формат, но е многу елоквентен и има премногу енергија која често не може да ја насочи, па влегува во расправии за да го истера своето. Повеќето се слични, само имаат различни начини на изразување. Најмногу ми пречи кога сите зборуваат во исто време, не се слуша кој што кажал, и тогаш трошам најмногу енергија за да дојдам до збор, но добро – има енергија, има жар и желба.

Амиџиќ се осврна и на здравствената состојба на Зорица Брунцлик:

– Се слушнав со Кемиш, и според тоа што ми кажа, таа е добро и се опоравува. Од срце ѝ посакувам што побрзо да закрепне, сè да помине што полесно и подобро и повторно да се видиме кога ќе биде подготвена. Зорица има свој специфичен став и начин на комуникација, а таа и Кемиш секогаш биле како едно. Тој знае да се справи со ситуации, додека со Зорица е малку поинаку. Ми се допаѓа што се директни – и Зорица и Кемиш – и мислам дека Кемиш е многу добар во тоа.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....