17.8 C
Скопје
13:33 - 14 март, 2026

Одлична музичка програма и рекордна посетеност на „Д Фестивал“ во Дојран

Со настапите на греми-номинираниот рејв музичар и продуцент ZHU, популарната српска евровизиска атракција „Констракта“, рок-легендите Хладно Пиво и некогашниот тапанар во легенадарниот бенд Ramones, Марки Рамоун синоќа во Дојран заврши 12. издание на најголемиот македонски фестивал на алтернативна музика под отворено небо „Д Фестивал“.

Најпопуларниот фестивал на нашите простори во организација на „Пасворд продукција“,  и годинава понуди одлична музичка програма, рекордна посетеност, голем број различни зони за посетителите, како и настап на над 100 уметници и учесници во ПлоштАрт, изложби, работилници, перформанси, театар, арт-инсталации, плажа, сонце, музика и љубов! Програмата се одвиваше на вкупни 15 различни фестивалски бини и зони, вклучувајќи го и славниот Д-Камп за посетителите на фестивалот.

За време на трите фестивалски дена настапија и популарниот британски бенд „Кошин“, австриското електронско дуо Крудер и Дорфмајстер, а за издвојување е и настапот на британската музичарка Габриела Чилми, која на почетокот на кариерата ја споредуваа со Ејми Вајнхаус. Џулијан Марли се претстави со реге звук прославен од неговиот татко Боб Марли, а моќната екипа од регионот ја сочинуваа Дарко Рундек, Јура Стублиќ, „Хладно пиво“, „Буч Кесиди“ и „Констракта“. На фестивалот свиреа и неколку македонски артисти, музичари и бендови, меѓу кои хип-хоп групата „Чиста околина“, „Зад аголот“, „Луфтанза“, „Перија“, проектот „Пијан Славеј“ на Бранислав Николов, „Хајка“, „Короужн“, „Преку ред“, Дина Јашари, Флудер, Џантрикс и др.

 

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо

Нивес Целзијус откри дали била љубовница на поранешен „Ватрен“: „Во приказната беше вмешана и една Северина“

Е.А.
Се вчитува....