11.8 C
Скопје
20:41 - 3 април, 2026

Никој не очекуваше вакво нешто: Зорица Брунцлик ѝ одговори на поранешната снаа за прозивките!

Познатата пејачка Зорица Брунцлик и нејзиниот сопруг Кемиш неодамна присуствуваа на концерт во чест на Шабан Шаулиќ. За првпат во јавноста, Зорица проговори за својата поранешна снаа, Вања Тутиќ, со која не секогаш имала идеален однос.

Тутиќ во интервју за медиумите откри дека по разводот нејзините поранешни свекор и свекрва ниту еднаш не ја контактирале за да прашаат како е. Оваа ситуација ја разочарала, особено затоа што сакала да остане во добри односи со нив.

Сепак, Зорица зборуваше со почит за неа: „За мојата поранешна снаа ќе кажам само најубави работи. Таа ми ги роди внуците, и тоа е доволна причина да има мое почитување. Капа долу“.

По оваа изјава, Ванја се огласи на својот Инстаграм профил, каде кратко, но јасно порача: „Сакам што е искрена и од срце ѝ благодарам“.

Во понатамошната изјава, Ванја се наврати на моментите пред разделбата со поранешниот сопруг.

„Вечерта кога заминував, сакав да се простам со нив, да ги прегрнам и да им кажам дека остануваме во контакт. Но мојот сопруг тогаш ми рече: ‘Не оди, знаеш дека мама ќе плаче, ќе има прилика да зборувате’. Но таа прилика никогаш не дојде“, се присети Тутиќ.

Сега Тутиќ има нова љубов. Пред неколку дена, таа објави емотивно видео од нејзината веридба со новиот партнер.

„Ова морам да го споделам со сите… мојот сакан ме запроси, и реков „да“! Сè беше организирано во тајност, не можев ни да насетам… Нашите девојчиња, Маша, Лена и Сара, го избраа прстенот, ја средија декорацијата и ни подготвија кафе. Ве сакам! Прекрасно е да се биде сакан вака многу и да се љуби бескрајно“, напиша таа.

Слични објави

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.
Се вчитува....