00:55 - 31 јануари, 2026

Неодамна изговори „да“ на 23 години постар генерал: Ќе се изненадите со што се занимава ќерката на Сузана Мачиќ

Ќерката на познатата водителка Сузана Манчиќ, Теодора Куниќ, последниве денови е во центарот на вниманието поради венчавката со бригадниот генерал Мирослав Талијан, кој е 23 години постар од неа. Покрај љубовната приказна што ја привлече јавноста, многумина се запрашаа со што се занимава убавата невеста на генералот.

Како што откри нејзината мајка, Теодора има диплома од областа на односите со јавноста и активно работи во својата професија.

„Теодора е одлична во односите со јавноста, тоа и го заврши и навистина го сака својот професионален пат. Има такт, трпение и многу љубов кон својата работа“, изјави Сузана.

Таа додаде дека и нејзината помлада ќерка, Наталија, е новинарка – како што бил и нејзиниот татко, новинарот Александар Манчиќ.

„Крвта не е вода. Татко ми беше новинар, прво во ‘Борба’, а потоа во ‘Политика’. Го следеше Тито, седниците на Собранието, а подоцна и темите од енергетиката. Наталија денес пишува за мода“, рече Сузана.

Кога станува збор за венчавката на Теодора, Манчиќ откри дека сè било токму онака како што ќерката замислила.

„Свадбата беше прекрасна. Не сакав многу да се мешам, само понекогаш со по некоја сугестија. Теодора сакаше интимна свадба под отворено небо, но поради времето моравме во последен момент да ја смениме локацијата и имавме среќа што добивме убава сала во винаријата ‘Ковачевиќ’. Имавме организиран превоз за сите гости кои не сакаа да возат, што се покажа како најдобра идеја,“ раскажа таа.

Според Сузана, прославата била исполнета со убави емоции, одлична музика и прекрасна атмосфера.

„Имавме феноменална музика, настапија Синиша и неговиот оркестар ‘Скале’, како и мојата кума Билјана Јефтиќ, која ја крена атмосферата. Настапи и сопранот Габриела Убовиќ, која го најави влезот на младенците со популарна арија. Храната беше одлична, вината врвни, а сите гости уживаа“, изјави гордо Манчиќ.

Познатата водителка не ја крие својата среќа и задоволство од изборот на својата ќерка.

„Го запознав зетот пред една година и остави многу солиден впечаток. Мојот татко секогаш велеше дека кога купуваш мебел, треба да биде солиден – истото важи и за луѓето. Така што, и јас го проценив како стабилен, сериозен човек покрај кој мојата ќерка ќе биде среќна и исполнета“, искрено изјави Сузана Манчиќ.

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо
Се вчитува....