02:24 - 1 февруари, 2026

Неда Украден се огласи по тврдењата дека ѝ пропаднал бизнисот: „Не живеам од тоа, лесно е да се провери“

Пејачката Неда Украден, покрај примарната кариера, изнајмува луксузна вила во Имотски. Откако хрватските медиуми објавија дека нејзиниот имот зјае празен и дека ѝ пропаднал бизнисот со издавање, таа се огласи со јасна порака: „Измислиците добиваат фантастични размери“.

Станува збор за луксузна недвижнина во која вложила значителна сума, а чие изнајмување дневно чини и до 2.300 евра, зависно од сезоната и должината на престојот. Сепак, според пишувањата на дел од медиумите, вилата е празна, а проектот – неуспешен.

Неда одговори преку изјава за „Курир“: „Познато е дека отсекогаш сум била вредна и способна жена, и дека приходите од богатата кариера ги вложував во недвижности, уметнички предмети и во кариерата. Сакав еден ден на моите наследници да им оставам нешто по што ќе ме паметат, не само песните“.

За изнајмувањето на вилата објасни: „Агенција што издава над 500 куќи во Имотскиот регион, се занимава и со мојата. Не живеам од тоа, но ми е задоволство ако некој може таму да се одмори и да ужива.“

Додаде и дека изнајмувањето е можно само на најмалку седум дена, и дека куќата не се издава на дневна основа, ниту е тешко да се провери колку денови е резервирана.

„Измислиците добиваат фантастични димензии, што искрено ме забавува. Благодарение на тоа, покрај Црвеното и Синото езеро, станав уште една туристичка атракција на Имотскиот крај“, додаде Неда со доза хумор.

Слични објави

„Новак не е робот, ова не е само спорт“: Марија Шерифовиќ јавно му се обрати на Ѓоковиќ

Еспресо

(Видео) Жешки пози пред камерата: Рада Манојловиќ без градник го „запали“ интернетот

Еспресо

(Фото) Северина во злато од глава до пети: Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година

Еспресо

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо
Се вчитува....