0.8 C
Скопје
06:53 - 14 март, 2026

„Нè натера да гледаме спот на Џенифер Лопез“: Поранешен модел проговори за бизарните забави на Диди

Поранешиот модел на списанието за мажи „Плејбој“, Рејчел Кенеди, призна дека била присутна на една од озогласените забави на Шон Комбс, познат како Диди, каде раперот сексуално ги малтретирал своите жртви и ги терал на сексуални односи со машки проститутки.

Кенеди присуствувала на т.н. забава во 2000 година, во еден хотел во Токио, и сега се присети на бизарната работа која ја побарал раперот од неа.

Имено, тој ја натерал да гледа видеозапис на Џенифер Лопез, неговата поранешна девојка, но не откри за која песна станува збор. Исто така, моделот тврди дека Диди имал телефонски разговор со Лопез таа вечер.

„Беше невообичаено што го гледавме нејзиниот видеозапис. Ми се чинеше дека е малку морничаво, со непочитување“, рече таа во поткастот на „Дејли мејл“.

Рејчел и нејзините две пријателки биле поканети во собата на Диди откако се сретнале со него во еден клуб во Токио. Кога влегле во неговата соба, виделе дека во неа е само тој.

„Си помислив: “Ова не е забава. Ова не е она што го очекувавме’“, рече таа и додаде: „Влеговме во собата. Не мислевме дека ќе се случи нешто чудно. Тој беше пријателски настроен бидејќи решивме да останеме и да се дружиме со него“, рече таа.

Кенеди изјави дека таа и нејзината пријателка „имале орален секс“ со Диди и дека тој не бил насилен. Меѓутоа, ситуацијата се променила кога еден од неговите телохранители, кого Кенеди и нејзините пријатели го сретнале претходната вечер, влетал во собата.

„Тој рече: ‘Тоа е мојата девојка! Тоа е девојката од минатата ноќ! Што се случува?’. Се обиде да нè извлече од собата, нè зграпчи, само се обиде да нè извлече на секој начин“, се сеќава таа.

Кенеди рече дека Диди не се обидел да го спречи.

„Сите тие луѓе мислат дека тоа е во ред бидејќи тој ги учи дека ваквото однесување е прифатливо“, рече таа.

Да потсетиме, „фрик-оф“ забавите на Диди станаа актуелни во јавноста откако тој заврши во притвор кон средината на септември.

Диди е обвинет за рекетирање, трговија со луѓе и криминални дела поврзани со проституција. Покрај тоа, тој беше обвинет за сексуално злоставување и силување машки и женски жртви, вклучително и малолетници.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....